Во име на Клиниката за Пулмологија и Алергологија , директорот проф.др. Докиќ изјави: ”Донацијата на ПЛИВА е од суштинско значење за современа дијагностика на пациентите со астма и хронична белодробна болест-HOBB и следење на ефектите на терапијата. Се однесува на обезбедување на комплетно автоматизиран молекуларно дијагностички систем кои ќе биде употребуван во дијагностички цели за пациентите.
Сакам да искажам благодарност од страна и на пациентите и на целиот персонал на Клиника за оваа донација, која многу ќе го подобри квалитетот на услугата.”
Еден од нашите примарни цели е подобрување на квалитетот на животот и заштита на здравјето со висококвалитетни и достапни лекови и сме горди што и на овој начин имаме прилика да дадеме придонес за квалитетот и исходот на лекување на пациентите со астма и хронична белодробна болест.
Како одговорна општествена компанија, нам во ПЛИВА желба ни е да продолжиме со вложување во развојот на заедницата во која работиме и во квалитетот на лекувањето на граѓаните.Веруваме дека донираниот апарат ќе го олесни лекувањето на пациентите и ќе придонесе за зачувување и унапредување на здравјето на популацијата.
”Во име на Председателот на Управата на PLIVА Hrvatska Михаел Фурјан и во мое лично име, се надевам дека оваа донација ќе допринесе во квалитетна дијагностика и подобри услови за работа на медицискиот персонал и ќе резултира со поквалитетен живот на сите Ваши пациенти, истакна директорот на Плива Скопје", Петар Велкоски.