Датум на подготовка: октомври 2018 година | Упат.: HQ/TV/18/0010
Истражувањето и соработката со 13.500 пациенти води кон создавање и проширување на веб-страницата за пациенти "Life Effects" во Европа
Со гордост го најавуваме европското лансирање на Life Effects, веб-страница ориентирана кон пациентите на која се хостира содржина создадена од пациентите и проверена од експертите, на Конгресот на Европската комисија за терапија и истражување на мултиплекс склерозата (ECTRIMS) во Берлин.
Оваа иницијатива за онлајн-содржина беше креирана по темелно истражување од 13.500 пациенти глобално и сега се лансира во Европа. Истражувањето покажа дека има побарување од пациентите, особено од оние со хронични болести кои вклучуваат мултиплекс склероза (MS), за вистинити и сигурни здравствени информации. 01
Со содржина развиена во соработка со пациентите, Life Effects се состои од написи, видеа и подкасти кои нудат информации, увид и инспирација за луѓето кои страдаат од една или повеќе хронични болести, вклучувајќи MS, особено фокусирајќи се на влијанието кое болеста го има на секојдневниот живот на пациентот. Постојано соработувајќи со централна група пациенти кои даваат директен придонес кој потоа е прегледуван од експерти, Life Effects нуди веродостојна перспектива од прва рака за тоа како е да се живее со хронична болест. Заедно, овие пациенти и Life Effects раскажуваат автентични приказни, ставаат фокус на најновите размислувања ориентирани кон пациентите и нудат практични совети како малку да се олеснат работите.
Ифа Кирван, која има MS и живее во Ирска, вели: "Секогаш е добро кога се создава можност да се слушне гласот на луѓето со MS. Life Effects беше развиена во соработка со луѓето кои живеат со хронични болести, вклучувајќи MS, што значи дека е создадена од нас, за нас. Им овозможува на луѓето со хронични болести да ги споделат нивните приказни, размислувања и мислења, знаејќи, исто така, дека информациите ќе бидат проверени од експерти. Во време кога бескрајни количини информации се достапни веднаш, овие сигурни информации од луѓе со истата болест се од голема вредност за пациентите. Како некој што живее со MS, мило ми е што гледам таква соработка меѓу мојата заедница и медицинската заедница која нуди нов ресурс што комбинира животно искуство со научен факт".
Life Effects е резултат на задоволувањето на претходно незадоволената потреба за веродостојни онлајн здравствени информации, особено за пациенти со хронична болест, така што ќе прикаже како е навистина да се живее со вакви болести и да се слушне директно од сигурни извори - од самите пациенти. Создавајќи содржина со која се надополнува медицинскиот пат на пациентите со здравствените работници, на кои им се обраќаме кога бараме информации за дијагноза и опции за лекување, ние секојдневно нудиме поголем увид во влијанието на овие болести. Во Life Effects станува збор за содржина за пациентите, од пациентите и прегледана од експерти, што нуди веродостоен ресурс на којшто може да му се верува.
Европското лансирање на Life Effects вклучува содржина поврзана со MS како и содржина за болести вклучувајќи: астма, депресија и мигрена. Тимот на Life Effects соработува со Healthline, најбрзорастечката веб-страница за здравствени информации за потрошувачи и Panoply, платена мрежа за подкасти која е дел од групацијата Slate. Healthline и Panoply ѝ помагаат на Teva да интегрира автентичен глас и веродостојна гледна точка на пациентот со ригорозен уреднички фокус на професионален новинар.
Потпретседателот на Стратегијата за медиумски канали и дигитална содржина во Teva, Арун Махтани, вели: "Life Effects претставува платформа за пациентите, за обезбедување поддршка и совет за други лица со хронична болест. Во Teva, посветени сме на оспособување на пациентите и Life Effects е вистинско олицетворение на тоа – директно да се слушне гласот на пациентите со поддршка од експертите. Оваа содржина е лична и значајна за секој поединец и навистина нè воодушеви влијанието на оваа соработка која нуди поголемо разбирање на проблемите со кои се соочуваат пациентите надвор од терапијата".
Edelman Intelligence 2018. Истражување на брендот Teva
Датум на подготовка: октомври 2018 година | Упат.: HQ/TV/18/0010